Услови и правила за враќање

Враќање и замена на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.

Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

Гаранција

Одредени производи, купени преку интернет страната на Беламед-Трејд Дооел, имаат соодветен Гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот.
Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот.

Гаранцијата нема да важи доколку:
-    Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
-    Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
-    Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
-    Има физички оштетувања на производот

Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА БЕЛАМЕД-ТРЕЈД ДООЕЛ И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.


Развиено од INSHOP & PROCESS IN. Хостирано од INHOST.