Услови и правила за купување

Цените на сите производи на www.shop.belamed.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Беламед-Трејд Дооел  го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување на производи преку www.shop.belamed.com.mk важат редовните малопродажни цени.

Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи ќе бидат дополнително означени како посебни понуди.

Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде презакажана во најкус можен рок поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Беламед-Трејд Дооел.
Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

Регистрирањето не е задолжително за реализација на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Беламед-Трејд Дооел  има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
 
Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер УНИБанка Скопје.

Поддршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со реализација на интернет нарачката може да се јавите на телефонскиот број 043/ 615-173  кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот, на телефоскиот број 075/497-131 кој е достапен во период од 08:00 часот до 20:00 часот или да не контактирате 24/7 преку нашиот e-mail contact@belamed.com.mk

Политика на испорака на производи
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија.
Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 24-48 часа од моментот на потврдена нарачка. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Беламед-Трејд Дооел го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.
Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.
Испорака во недела и на државни празници не се врши.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена во сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.
Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
 
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Беламед-Трејд Дооел  не може да превземе никаква одговорност.

Прием на производи
Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда.
Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот.
Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите.
Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за подршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени.
Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: упатство за употреба, гарантен лист (доколку производот има гаранција) и испратница.

Враќање и замена на производи
Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.
Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.
Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.
Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

Гаранција
Одредени производи купени преку интернет страната на Беламед-Трејд Дооел, имаат соодветен Гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот.
Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот.

Гаранцијата нема да важи доколку:
-    Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
-    Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
-    Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
-    Има физички оштетувања на производот
Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА БЕЛАМЕД-ТРЕЈД ДООЕЛ, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.


Развиено од INSHOP & PROCESS IN. Хостирано од INHOST.